Лични алати
Пријави се

Пресметување во grid и облак

Предмет: Пресметување во grid и облак

Код: ФЕИТ07008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Аристотел Тентов

Содржина на предметната програма: Грид за развој на апликации, Grid Архитектура. Омрежувачка инфраструктура, протоколи и квалитет на сервис Пресметувачки платформи, оперативни системи и мрежни интерфејси. Компајлери, јазици и библиотеки за Грид. Грид распределување, менаџирање со ресурси, брокери за ресурси, резервација на ресурси. Инструментација и мерење, анализа на перформанси и визуелизација, Безбедност, „книговодство“ и  обезбедување. Алатка Глобус: јадро на системот и соодветни алатки како што се  Message Passing Interface комуникациската библиотека, далечински Влез/Излез, комуникациска библиотека. Legion и соодветниот софтвер. Condor и Грид системи. Open Grid Service Архитектура и податочен грид. Развој на Грид портал. Типови на апликации: географски дистрибуирани, со голема пропусност,„ на барање“, колаборативни и податочно интензивни суперпресметувања, управување со суперпресметувањето, пристап во реално време кон дистрибуирани инструментални системи

Пресметување во облик: архитектура, поврзување на можни серверски платформи и масовни пресметувања. Стандарди за пресметување во облак. Отворени апликации за пресметување во облак. Приватен облак. Мрежен облак. Архивирање на облак. Управување со облак. Примена на облак во податочен центар. Заштеда на енергија и „зелен“ податочен центар и апликации.

Литература:

  1. M. Li, M. Baker, "The Grid: Core Technologies", John Wiley, 2005
  2. A. Abbas, "Grid Computing: Practical Guide to Technology and Applications", John Wiley, 2005
  3. G. Reese, "Cloud Application Architectures: Building Applications and Infrastructure in the Cloud", O’Reilly, 2009