Лични алати
Пријави се

Интернет за нешта

Предмет: Интернет за нешта

Код: ФЕИТ07015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Марија Календар

Содржина на предметната програма: Особено актуелното и тековно ново развојно подрачје Interent of Things  ја опишува еволуцијата од мрежи кои едноставно поврзуваат дигитални информации, кон мрежи во кои дигиталните информации се поврзуваат со физички уреди од реалниот свет. Internet of Things ги опфаќа сите објекти, места, нешта, продукти и корисници кои се поврзани кон глобална мрежа и можеби опремени со сензори.

Во курсот ќе бидат опфатени сите концепти на новото подрачје Internet of Things, вклучувајќи ги бизнис потребите за развој на ова подрачје и неговите апликации, како и улогата на потребните технологии за негова поддршка (сензори, RFID, NFC, EPC архитектури).

Технологиите потребни за развој на Internet of Things: Безжични IP мрежи и архитектури;  Дизајн  на паметни уреди и архитектури; „Лесни“  IP мрежни протоколи; Поврзување паметни објекти и „многу-мали-нешта“ кон Интернет; Комуникации во повеќе-скокови (multi-hop) и mesh мрежно поврзување; Low power and Lossy Networks (LLN); Вградливи  Web сервиси и Web of Things; Интернет безбедност; Подрачја на примена: RFID системи, комуникација во smart grid системи.

Предизвици на една ваква архитектура поставени пред безбедноста и приватноста на учесниците и корисниците на Internet of Things.

Бизнис аспекти на Internet of Things. Влијанието на користените технологии за дефинирање на бизнис вредности за фино  набљудување и управување со бизнис процеси преку IoT технологии. Запознавање и разбирање на соодветни потенцијални бизнис модели и нивна примена во специфични конкретни проекти.

Литература:

  1. O. Hersent, D. Boswarthick, O Elloumi, “The Internet of Things: Key Applications and Protocols, 2 edition”, Wiley, 2012
  2. Jean-Philippe Vasseur, Adam Dunkels, “Interconnecting Smart Objects with IP: The Next Internet, 1 edition”, Morgan Kaufmann, 2010
  3. D. Uckelmann, M. Harrison, F. Michahelles,  “Architecting the Internet of Things”, Springer, 2011