Лични алати
Пријави се

Проектирање и техничка документација

Предмет: Проектирање и техничка документација

Код: ФЕИТ02017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски

Содржина на предметната програма: Законска регулатива и прописи врз основа на кои се изработува техничка документација. Запознавање со процесот на изработка на документацијата и фазите на проектирање. Критериуми за стекнување на овластувања и лиценци. Стандарди, технички препораки за проектирање. Принципи на проектирање. Презентација на проект и техничка документација. Неопходни претпоставки за проектирање: кадровска екипираност и материјални средства. Видови на проекти за кои се подготвува документација. Текстуален дел и цртежи за проектната документација. Технички прописи и стандарди за изработка на цртежите. Графички симболи. Систем за означување на елементите и опремата во техничката документација.

Литература:

  1. Jerry C. Whitaker, Morgan Hill, K. Mancini, “Energy Technical Documentation and Process”, CRC Press, 2012
  2. W.Ernst Eder, Stanislav Hosnedl, “Design engineering -A Manual for Enhanced Creativity”, CRC Press, 2008
  3. K.Haramundanis, “The Art of Technical Documentation”, Digital Press; 2 edition, 1997