Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 05- Проектен менаџмент (05-ПМ) Примена на напредни технологии во бизнис апликации

Примена на напредни технологии во бизнис апликации

Предмет: Примена на напредни технологии во бизнис апликации

Код: ФЕИТ00021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Владимир Трајковиќ

Содржина на предметната програма: Мулти доменско управување со информационите системи (поврзаност помеѓу стратегиското управување, оперативното управување, управувањето со ресурси и компјутерско комуникациските технологии). Информациско комуникациски технологии како извор на промени во компанијата (организациски промени, финансиски импликации). Информациско комуникациски технологии за подршка на: оперативното управување. Менаџмент и системи за донесување одлуки, кооперативни и координативни системи и организации. Архитектури и услуги обезбедени од информациско комуникациските технологии за потребите на една компанија / институција третирани од аспект на перформанси, сигурност, искористливост и цена на воведување.

Литература:

  1. K.C.Laudon, J.P.Laudon, "Management Information Systems - Managing the Digital Firm", Prentice Hall, (tenth edition), 2008.
  2. K.E.Kendall, "System Analyses and Design", Prentice Hall, (seventh edition), 2008.
  3. Valacich, J.F. George, J.A.Hoffer, "Essentials of System Analyses and Design", Prentice Hall, (third edition), 2006.