Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 05- Проектен менаџмент (05-ПМ) Основи на право за проект менаџери, договорно право и право на интелектуална сопственост

Основи на право за проект менаџери, договорно право и право на интелектуална сопственост

Предмет: Основи на право за проект менаџери, договорно право и право на интелектуална сопственост

Код: ФЕИТ00019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска

Содржина на предметната програма: Правна рамка на трговија, договорното право и правото на интелектуална сопственост во Република Македонија и во правото на ЕУ. Основи на електрoнска трговија. Поим на договор, преговарање, склучување на договор (понуда и прифаќање на понуда). Договори преку јавни набавки. Систем на интелектуална сопственост. Права на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост). Бизнис методи и бази на податоци како предмет на заштита. Искористување на интелектуалната сопственост (лиценцирање и трансфер на технологии).

Литература:

1. Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Валентин Пепељугоски, Право на интелектуална сопственост, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, 2008.

2. Закон за индустриската сопственост, (Службен весник на РМ, бр. 47/02, 42/03, 09/04, 39/06 и 79/07).

3. Закон за заштита на топографијата на интегралните кола, Службен весник на РМ, бр. 05/98 и 33/06).