Лични алати
Пријави се

Mетоди на менаџмент на ризик

Предмет: Mетоди на менаџмент на ризик

Код: ФЕИТ08013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Соња Геговска-Зајкова

Содржина на предметната програма: Фази на менаџмент на ризик. Случајни променливи. Некои поважни распределби на веројатност. Закани, ризици, веројатност на нивна појава и нивно влијание врз проектот. Избор на соодветна распределба. Методи за анализа на ризикот. Квалитативни методи: прелиминарна анализа, матрица на влијание, анализа на хазард и операбилност (HAZard and OPerability study), анализа на појава на откази и нивно влијание (Failure Mode and Effects Analysis). Техники базирани на дрво: анализа на дрво на недостатоци (Fault Tree Analysis), анализа на дрво на настани (Event Tree Analysis), причинско-последична анализа (Cause-Consequence Analysis). Квантитативни методи: сензитивна анализа, анализа на очекувана монетарна вредност. Симулациони методи, Монте Карло симулации. Случаи за анализа со примена на изучуваните методи на реални проекти

Литература:

  1. Т. Aven, Foundations of Risk Analysis,  A Јohn Wiley & Sons, Inc., Publication, 2003
  2. T. Bedford, R. Cooke,  Probabilistic Risk Analysis:  Foundations and Methods, Cambridge University Press, 2001
  3. I. Rychlik, J. Ryden, Probability and  Risk Analysis, Springer, 2006