Лични алати
Пријави се

Менџмент на животна средина

Предмет: Менџмент на животна средина

Код: ФЕИТ04011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски

Содржина на предметната програма: Запознавање со прописите и стандардите за животна средина, како и правна регулатива за заштита на животната средина. Класификација на загадувачи на животна средина според интензитетот на влијанието врз почвата, водените ресурси и атмосферата. Можни загадувачи на цврст отпад, течен отпад и емисија на гасови во атмосферата (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата. Проценка на економските потреби за екстерни трошоци од воведување технологии за зачувување на животната средина. Можности за постигнивање одржлив економски развој со почитување на регулативите за заштита на животната средина. Меѓународни прописи и стандарди во регулативата за заштита на животната средина. Процедури за класификација на проектите согласно  на  CDM механизмот (Clean Development Mechanism), како и можноста за добивање на сертификати за земјите од Анекс 1 согласно Кјото протоколот – CER (Certified Emission Reductions). Проектни активности и изработка на проектна документација  за елаборат или студија за заштита на животна средина, како дел од проектот.

Литература:

  1. Ruth E Weiner; Environmental Engineering, Elsevier Edition, 2003
  2. C.C.Lee, Shun Dar Lin; Handbook of Environmental Engineering Calculations, McGraw Hill, 1999
  3. Fay А., D. Golomb, Energy and the Environment, Oxford University Press, 2002.
  4. П. Е. Вон Бредшо, Објектите и животната средина : системи за активна и пасивна контрола, Арт Ламини, 2012.
  5. P. R. Dey, K. B. Schnelle; Atmospheric Dispersion Modelling Compliance Guide, McGraw-Hill, 1990
  6. Capehart; Energy Management, Faimont Press, 2003