Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 05- Проектен менаџмент (05-ПМ) Истражувачки проект од областа на проектниот менаџмент

Истражувачки проект од областа на проектниот менаџмент

Предмет: Истражувачки проект од областа на проектниот менаџмент

Код: ФЕИТ05

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: (од Колегиумот на СП-5 Проектен менаџмент)

Содржина на предметната програма: Дефинирање на специфична тема за продлабочено истражување во теоријата и практиката на Проектниот менаџмент. Методологија за научно-истражувачка работа најсоодветна за истражуваната тема. Проучување на релевантна литература за специфичната тема и дефинирање на можностите, интензитетот и динамиката на истражувањето. Дефинирање на очекуваните резултати од истражувањето и нивна примена за развој на областа на проектниот менаџмент. Практична димензија и применливост на резултатите од истражувањето. Верификација со семинар / научно-истражувачки труд на научен или стручен собир.

Литература:

  1. Релевантни трудови од IEEE Engineering Management Review, PM Network, Harvard Business Review (последни 10 години).
  2. B. Lientz, On Time Technology Implementation, Academic press, 2000.
  3. P. Haddon, Mastering Personal and Interpersonal Skills, Thorogood, 1999.
  4. D. Milosevic, Project Management Toolbox, John Wiley & Sons, Inc,, 2003.