Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 04-Електроенергетика (04-ЕЕ) Заземјување, заштитни мерки и безбедност во електро­енер­гетски постројки

Заземјување, заштитни мерки и безбедност во електро­енер­гетски постројки

Предмет: Заземјување, заштитни мерки и безбедност во електро­енер­гетски постројки

Код: ФЕИТ04008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р. Невенка Китева Роглева

Содржина на предметната програма: Материјална околина и нејзини карактеристики за проектирање и димензионирање на заземјувачките системи во зависност од средината во која се поставуваат. Моделирање на карактеристиките на заземјувачите во електроенергетските објекти. Стандардизација за заземјувачките системи. Методи за пресметка на меродавна струја за димензионирање на заземјувачите: определување на видот и местото на кусата врска; пресметки на максималната струја која протекува низ заземјувачот. Распределба на потенцијалот во околина на разводните постројки. Воздушен и кабелски вод како елемент на заземјувањето. Изнесување на потенцијал преку други метални конструкции. Мерки за спречување на појава на изнесениот потенцијал. Димензионирање на заземјувачи со оглед на третманот на нултата точка. Анализа на методите за пресметка на напон на допир и чекор. Методи и техники за испитување на отпорот на заземјување во енергетските објекти. Примена на методи и алатки за моделирање и пресметка на ризик од појава на грешки во постројките и надвор од нив. Мерки за заштита на опремата во постројките. Професионално здравје и безбедност при работа во ЕЕ постројки.

Литература:

1.       IEEE Recommended Practice for Grounding of Industrial and Commercial Power Systems, IEEE; 5th edition | ISBN: 1559371412, 1984.

2.       IEEE Recommended Practice for Calculating Short-Circuit Currents in Industrial and Commercial Power Systems, IEEE,2006.

3.       Reliability and Safety of Complex Technical Systems and Processes: Modeling - Identification - Prediction - Optimization, Springer, ISBN: 0857296930, 2011.