Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 04-Електроенергетика (04-ЕЕ) Управувачка техника во електроенергетски системи

Управувачка техника во електроенергетски системи

Предмет: Управувачка техника во електроенергетски системи

Код: ФЕИТ04024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Содржина на предметната програма: Математичко моделирање и компјутерска симулација на процесите во ЕЦ и РП. Tехнички системи на управување во ЕЦ, РП и општо ЕЕС. Општо за експериментална идентификација на управуваниот објект во технолошки процеси. Енергетската опрема и информатичко-комуникациската технологија. Примена на стандарди IEC, IEEE за управување во ЕЕС. Типови и начини на управување со поедини компоненти на електричните централи. Анализа Трошоци – Ефекти (Cost-Benefit Analysis) за усвојување на тип на управувачки систем. Локација на контролна точка. Локална автоматика. Далечинско управување. Сигнализација и врски на управуваните агрегати и високонапонска опрема со управувачките центри. Конкретни апликации на системите за управување кај различни типови енергетски постројки (термо, хидро, обновливи извори). Симулација и анализа на некои карактеристични управувачки контури: регулација на проток, температура, притисок, број на вртежи, напон, возбудна струја, активна и реактивна моќност. Примена на хардвер и софтвер за погонска анализа на агрегатите. Динамички карактеристики на агрегатите. Експериментална верификација на погонските перфоманси на агрегатите и припадната опрема. Рехабилитација и воведување на современи управувачки системи. Работа на компонентите на ЕЕС во нова технолошка и пазарна околина.

Литература:

  1. M. Calovic, Regulacija EES, Tom 1, Tom 2,  Elektrotehnicki fakultet Beograd , 1997.
  2. K.P.Brand, Substation Automation Handbook, UAC Lohmann, 2003
  3. В. Matic, Projektovanje sistema automatske regulacije I upravljanja tehnoloskih procesa, 1989.