Лични алати
Пријави се

Современи системи на релејна заштита

Предмет: Современи системи на релејна заштита

Код: ФЕИТ04021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Антон Чаушевски

Содржина на предметната програма: Пресметки и анализи на состојбите во електроенергетски систем (ЕЕС)  во стационарен режим и режим на грешки за добивање на мерените величини за потребите на релејната заштита.

Заштита на поедини енергетски елементи на ЕЕС: генератор, енергетски трансформатор, далекуводи и изводи, собирници и др. Анализа на работата на поедини видови заштити (прекуструјна, напонска,  дистантна и диференцијална заштита).

Самонадзор на релејната заштита. Сигнализација и пренос на податоци за заштитата. Можности за интегрирана заштита со користење на системите за надзор и управување во електроенергетска производна или разводна постројка.

Развој на релејната заштита со користење на новите технологии во информациската и комуникациската технологија. Микропроцесорска и дигитална релејна заштита.

Испитување на релејните заштитни уреди и формирање бази на податоци за нивните карактеристики.

Методи за одлучување на замената на постојните заштитни системи  со нови современи решенија, како  и динамика на реализација.

Литература:

  1. POWER SYSTEM PROTECTION, Volume 1: Principles and components; Volume 2: Systems and methods; Volume 3: Application, Volume 4: Digital protection and signaling, IEE, 2004
  2. Stanley H . Horowitz and Ar un G . Phadke, Power System Relaying, John Wiley & Sons Ltd, 2008.
  3. Arun G. Phadke, James S. Thorpч COMPUTER RELAYING FOR POWER SYSTEMS, Second Edition, John Wiley & Sons Ltd, 2009.
  4. Walter A.  Elmore; Protective Relaying, Theory and Applications, Marcel Dekker, Inc., 2004
  5. Q.H. Wu Dr. Z. Lu T.Y. Ji; Protective Relaying of Power Systems Using Mathematical Morphology,  Springer, 2009.
  6. Проспектни материјали за Релејна заштита,  ABB, Siemens, Alston , AREVA.