Лични алати
Пријави се

Оптимална работа на изворите во ЕЕС

Предмет: Оптимална работа на изворите во ЕЕС

Код: ФЕИТ04009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Софија Николова-Поцева

Содржина на предметната програма: Поделба на дијаграмот на оптоварување на константен и варијабилен дел. Пополнување на дијаграмот на оптоварување со производството од различни типови на електрични централи.

Флексибилен пристап кон оптимизационата задача од аспект на периодот на оптимизација и различна поделба на временските интервали (број и должина).

Моделирање на термоелектрични централи (ТЕЦ). Трошковни и енергетски карактеристики на ТЕЦ. Земање предвид на ремонтите кај ТЕЦ.

Моделирање на хидроелектрични централи (ХЕЦ) (проточни, акумулациони и реверзибилни ХЕЦ). Режими на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите за полнење и празнење на акумулацијата.

Моделирање на ветерни електрични централи.

Методологија за одредување на оптимален број на агрегати во погон кај хидроелектрични централи.

Решавање на сложени хидраулични системи и моделирање на каскадно врзани ХЕЦ.

Оптимална работа на конвенционалните електрични централи во сложен енергетски систем со интегрирани ветерни електрични централи.

Повеќекритериумски услови при оптимизација: билансирање на води кај секоја ХЕЦ за одреден период, биланс помеѓу дотечната и потрошената вода.

Примена на MATLAB за решавање на проблемот на оптимална распределба на моќности помеѓу електрични централи во сложен електроенергетски систем.

Литература:

  1. Jizhong Zhu, “Optimization of Power System Operation”, Wiley-IEEE Press, 2009
  2. Milan S. Ćalovic, Andrija T. Sarić, “Eksploatacija elektroenergetskih sistema”, Beopres, 1999
  3. Hrvoje Požar, “Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima”, Informator, Zagreb, 1983
  4. P. S. R. Murty, “Operation and Control in Power Systems”, BS Publications, 2008
  5. D. P. Kothari, J. S. Dhillon , “Power System Optimization”, Motilal UK Books of India, 2004