Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 04-Електроенергетика (04-ЕЕ) Методи за оптимизација во електроенергетиката

Методи за оптимизација во електроенергетиката

Предмет: Методи за оптимизација во електроенергетиката

Код: ФЕИТ04014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Димитар Димитров

Содржина на предметната програма: Примери од електроенергетиката за потреба од оптимизација: функции на ефикаснoст и трошковни карактерис­тики, оптимизација на хибридни системи и др. Класификација и начин на поставување на оптимизационите проблеми. Определување на функција на цел и ограничувања. Класични методи за оптимизација што се применуваат во електроенергетиката: градиентни методи, линеарно и нелинеарно програмирање. Скаларни функции со повеќе променливи, во форма на равенства и неравенства, со и без ограничувања, карактеристични за процесите во електроенергетиката и нивни градиенти. Техники на пребарување на глобални екстреми: генетски алгоритми, симулирано таложење и други природни методи. Примери од практиката и решавање со МАТLAB Optimization Toolbox. Анализа на чувствителност.

Литература:

  1. F. C. Knopf, Modeling, Analysis and  Optimization of Process and Energy Systems, J.Wiley&Sons, 2012
  2. J. Zhu, Optimization of Power System Operation, IEEE Press, J.Wiley&Sons, 2009
  3. K. Y. Lee, M. A., El-Sharkawi „Modern Heuristic Optimization Techniques: Theory and Applications to Power Systems, J.Wiley&Sons, 2008
  4. A. Ravindran, K. M. Ragsdell, G. V. Reklaitis, Engineering Optimization: Methods and Applications, J.Wiley&Sons, 2006
  5. Џ. Ендруз, Н. Џели, Наука за енергетиката принципи, технологии и влијанија, Дата Понс, 2009