Лични алати
Пријави се

Мали хидроелектрични централи

Предмет: Мали хидроелектрични централи

Код: ФЕИТ04010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Содржина на предметната програма: Значење на малите хидроцентрали како обновлив извор на енергија. Класификација. Објекти на МХЕ и нивно вклопување во животната средина. Европска регулатива за градба на МХЕ. Избор на локација за градба. Мали ХЕЦ на речен водотек. Мали ХЕЦ на брзи планински водотеци. Зафати и хидројазли на МХЕЦ. Машински згради. Турбински кола за МХЕЦ. Генератори за МХЕЦ. Рехабилитација на МХЕЦ. Опрема на електротехнички дел на МХЕЦ. Проектна документација и тендери на МХЕЦ. Инсталирана моќност, инсталиран протек  и можно производство на електрична енергија. Мерења и помошни системи. Стандардизација и МХЕ. Барања за квалитет на електрична енергија произведена од мали ХЕЦ. Приклучување на мали ХЕЦ на мрежа. Управување и мониторинг на МХЕЦ.

Литература:

  1. Thematic Network on Small hydropower -TNSHP, Guide on How to Develop a Small Hydropower Plant, Part 1 and 2, ESHA, 2004.
  2. N. Jenkins et al.. Embedded Generation, IEE, British Library, 2000.
  3. G. Tanno, Pico- Kraftwerke, INFOENERGIE, 2000.
  4. J.-M. Chapallaz & P. Eichenberger, etites Centrales Hydrauliques, PACER, 1995.