Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 04-Електроенергетика (04-ЕЕ) Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Предмет: Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Код: ФЕИТ04

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: ментор

Содржина на предметната програма: Дефинирање на специфична тема од областа на електроенергетиката за продлабочено истражување. Методологии за научно-истражувачка и апликативна работа. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето во областа на електроенергетиката. Проучување на релевантна литература за специфичната тема од областа на електро­енергетиката и дефинирање на можностите и динамиката на истражувањето. Прибирање и обработка на релевантно знаење, информации и податоци. Дефинирање на очекуваните резултати од истражувањето и можност за нивна практична примена во електроенергетиката. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

  1. Избрани трудови, “IEEE Transaction on Power Systems”, IEEE Press, 2000-2013
  2. Избрани трудови, “IEEE Transaction on Power Delivery”, IEEE Press, 2000-2013
  3. Избрани трудови, Списание Енергетика, ЗЕМАК, Последни 10 год.