Лични алати
Пријави се

Енергетски одржлив развој

Предмет: Енергетски одржлив развој

Код: ФЕИТ04007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Антон Чаушевски

Содржина на предметната програма: Енергетски одржлив развој (ЕОР) и главни фактори и мерки  за постигнување ЕОР: искористување на обновливи извори, енергетска ефикасност и грижа за животната околина.

Потреби од примарна и финална енергија. Енергетска, економска и еколошка споредба на разни видови енергетски ресурси (фосилни горива, нуклеарни горива и енергенси од ОИЕ). Економски и еколошки показатели за енергетска интензивност. Стратегии за енергетски развој со интегрална евалуација на факторите за постигнување ЕОР.

Економска евалуација на поедините фактори кои влијаат на постигнување на ЕОР. Оптимизација помеѓу инвестиционите трошоци за нови технологии и системи за ЕОР и придобивките од нив изразени преку цената на енергијата и социјалниот аспект.

Современи технологии и системи за редуцирање на полутантите во производните енергетски капацитети за зачувување на животната околина.

Литература:

  1. Leo Schrattenholzer, Asami Miketa, Keywan Riahi, Richard Alexander Roehrl, Achieving a Sustainable Global Energy System, IIASA, 2004
  2. D. Feretić, Ž.Tomsic, N. Čavlina, D. Subaić, Elektrаnе i okolis, Element, Zagreb, 2000.
  3. Џон Ендруз, Ник Џели, Наука за енергетика, принципи, техмологии и влијанија, Дата Понс, 2009.
  4. Fay А., D. Golomb, Energy and the Environment, Oxford University Press, 2002.
  5. П. Е. Вон Бредшо, Објектите и животната средина : системи за активна и пасивна контрола, Арт Ламини, 2012.
  6. A Guidebook, Expansion Planning for Electrical Generating Systems, IAEA, Vienna, 1994