Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 04-Електроенергетика (04-ЕЕ) Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Предмет: Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Код: ФЕИТ04006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Софија Николова-Поцева

Содржина на предметната програма: Вертикална распределба на брзината на ветерот. Ефекти кои влијаат врз искористливиот енергетски потенцијал на ветерот. Турбуленции и препреки на ветерот. Ефект на забрзување. Нерамност на тлото. Ефект на бразда.

Статистички модели за анализа на податоците на ветерот. Пристапи базирани на Вејбулова и Рејлиева распределба за проценување на расположивиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација.

Енергетска карактеристика и карактеристични области на работа на ветерна турбина. Фактор на капацитет. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Развој на модел на енергетска карактеристика на цела ветерна електрична централа составена од различни типови на ветерни турбини.

Методи за одредување на произведена електрична енергија од ветерна турбина.

Формулација на проблемот на предвидување на производството на електрична моќност од ветерна електрична централа (ВЕЦ).

Методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ВЕЦ. Дефинирање на соодветен протокол за евалуација на методите за предвидување  на производството од ВЕЦ.

Анализа на различни сценарија на распоред на ветерните турбини во ветерна електрична централа и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност.

Комбинација на ветерни централи со конвенционални електрични централи (термоелектрани, акумулациони хидроелектрани и пумпно акумулациони хидроелектрани).

Литература:

  1. Sathyajith Mathew, “Wind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and Economics”, Springer, 2006
  2. Gary L. Johnson, “Wind Energy Systems”, Electronic Edition, Manhattan, KS, 2006
  3. Vaughn C. Nelson, “Wind energy: Renewable Energy and the Environment”, Taylor & Francis Group, 2009
  4. B. Fox, D. Flynn, L. Bryans, N. Jenkins, D. Milborrow, M. O'Malley, R. Watson, O. Anaya-Lara, “Wind Power Integration:Connection and System Operational Aspects”, The Institution of Engineering and Technology, United Kingdom, 2007
  5. T. Burton, D.Sharpe, N.Jenkins, E.Bossanyi, “Wind Energy Handbook”, John Wiley & Sons, 2001
  6. Mukund R. Patel, “Wind and Solar Power Systems: Design, Analysis and Operation, Second Edition”, Taylor & Francis, 2005