Лични алати
Пријави се

Работа и управување на ЕЕС

Предмет: Работа и управување на ЕЕС

Код: ФЕИТ09009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Александра Крколева

Содржина на предметната програма: 1. Моделирање на електричните централи. Проблем на економски диспечинг. Преглед на методите за решавање на проблемот на економски диспечинг. Влијание врз преносната мрежа. Преглед на методите за пресметка на текови на моќности и напони во ЕЕС. Проблем на оптимална пресметка на текови на моќности. Преглед на методите за решавање на проблемот на оптимално определување на моќности и напони (градиентен метод, њутнов метод, метод на линеарно програмирање). Примена на методите за решавање на проблемот на оптимално определување на моќности и напони. 2. Проблем на проценка на состојби во ЕЕС. Методи за решавање на проблемот на проценка (естимација) на состојби. Проценка на состојби со методот на најмали квадрати. Примена на методите за решавање на проблемот на естимација на состојби преку примери. 3. Структура и карактеристики на современите системи за управување на електроенергетскиот систем (ЕМС). 4. Информациски системи во ЕЕС. Хиерархиски нивоа на управување во ЕЕС. Вовед во проблематиката на паралелно и дистрибуирано процесирање во ЕЕС. Проблем на дистрибуирано пресметување на текови на моќности и естимација на состојби во ЕЕС. Дистрибуиран пристап во контрола на напони и рекативни моќности.

Литература:

  1. Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg, “Power Generation, Operation and Control, Second Edition”, John Wiley and Sons, Ltd, 1996
  2. Mohammad Shahidehpour, Yaoyu Wang, “Communication and Control in Electric Power Systems”, IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd, 2003
  3. Prabha Kundur, “Power System Stability and Control”, McGraw-Hill Inc, 1994