Лични алати
Пријави се

Квалитет на електричната енергија во ЕЕС

Предмет: Квалитет на електричната енергија во ЕЕС

Код: ФЕИТ09004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Ристо Ачковски

Содржина на предметната програма: Вовед во проблематиката на квалитет на снабдувањето со ЕЕ. Основни термини и дефиниции, важност и соодветност на проблематиката, тип на изучувања. Напонски варијации во нормален режим на работа на системот – наднапони и поднапони и напонски фликер. Дефинициии, извори и последици. Напонски јами. Дефиниции карактеристики и видови на напонски јами, ширење на напонските јами и нивно претставување, последици од напонските јами, симулација на напонска јама, преглед на процедурата за проценка на перформансите на напонската јама, ефекти од трансформирањето и приклучување на потрошувачи врз ширењето на напонската јама и карактеристики. Испитување и споредување на напонските јами. Осетливост на опремата на напонски варијации. Очекувани финансиски загуби од напонските јами. Хармоници. Дефиниции, извори и последици, Фуриеова анализа, хармониска резонанса, дизајнирање на филтри за хармоници. Транзиенти предизвикани од атмосферски празнења и од разни комурации во мрежата. Карактеристики, последици од нивното појавување, ублажување на последиците. Несиметрија на напоните. Извори на несиметрија. Последици од несиметријата на напоните. Методи за анализа на несиметричните режими. несиметрија поради работа на мрежата во неполнофазен режим. Мерки за разрешување на проблемите. Препорачани мерки кои што се користат за решавање на проблемот со квалитетот, типови и основни карактеристики на уредите за разрешување на проблемите. Преглед на интернационалните норми и  стандарди.

Литература:

  1. Р. Ачковски, “Предавања кои ги покриваат главните аспекти и целите на курсот”, напи­шани од предавачот, ФЕИТ – Скопје, 2010
  2. R. Dugan, M. Mc­Gra­naghan, S.San­toso and H. Beaty, “Electrical power systems quality, 2nd edition”, McGraw -Hill, 2002
  3. M.H.J.Bollen, “Understanding power quality problems: Voltage sags and interruptions”, IEEE Publishing, 2000