Лични алати
Пријави се

Енергија и климатски промени

Предмет: Енергија и климатски промени

Код: ФЕИТ00008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: д-р Наташа Марковска, научен советник во ИЦЕИМ-МАНУ

Содржина на предметната програма: 1. Енергија и климатски промени (Конвенција за климатски промени, Кјото протокол; Емисии на стакленички гасови од енергетски системи и мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови; Енергетско планирање: сценарија за намалување на емисиите на стакленички гасови – технички анализи и социо-економски импликации). 2. Околинска и економска оценка на енергетски технологии (Ризици и влијанија на енергетски технологии: компаративни анализи; Методологии за оценка –  крива на маргинални трошоци; Приоретизација и трансфер на оптимални технологии). 3. Одржлив развој (Методологии за споредба и мерење на одржливоста – метрика и индикатори, повеќе-критериумски анализи, екстерни трошоци; Енергетска политика во функција на одржлив развој – сигурно снабдување со енергија, ублажување на климатските промени, шеми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, врски со земјоделство и шумарство, создавање на работни места, даноци за емисии, ограничувања и тргување со емисии, повластени тарифи, зелени сертификати; Зелена економија и подобро владеење – енергија и околина во функција на рагионален развој, создавање на зелени работни места и иновации, искоренување на сиромаштија, раздвојување на растот  од ресурсите; Макроекоомски анализи, трендови и проекции, финансиски и регулаторни механизми).

Литература:

  1. Студиска група на Светскиот совет за енергија (Н.Марковска, член), “Енергија и климатски промени”, Светски совет за енергија, 2007
  2. Меѓувладин панел за климатски промени – Третата работна група за ублажување на климатските промени, Четврт извештај за оценка , Меѓувладин панел за климатски промени, 2007
  3. Меѓународна агенција за атомска енергија, “Енергетски индикатори за одржлив развој:Упатства и методологии”, Меѓународна агенција за атомска енергија, 2005