Лични алати
Пријави се

Функционирање на пазарите на електрична енергија

Предмет: Функционирање на пазарите на електрична енергија

Код: ФЕИТ09015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма: 1. Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата: Монопол, Модел на единствен купувач, Трговија на големо, Трговија на мало. 2. Потреба од уреден пазар на електрична енергија, Типови на пазари на електрична енергија: Билатерални договори; Централизирани пазари на електрична енергија. 3. Билатерални договори: Договори за период однапред; Договори за во иднина; Опции; Договори за разлика. 4. Централизирани пазари на електрична енергија: Директен (спот) пазар; Берза на електрична енергија; Дневен пазар на електрична енергија; Пазар во реално време. 5. Пазарни функции на операторите на електроенергетските системи: Пазар на помошни услуги: Помошни услуги; Потреба од помошни услуги; Набавка на помошни услуги; Механизам за балансирање; Учество на пазарот на помошни услуги. 6. Потреба од регулатива во пазарот на електрична енергија: Регулирани дејности - Преносни и dистрибутивни услуги и оператори на системите; Преносни услуги и оператор на преносниот систем: Децентрализирано тргување преку преносен систем; Централизирано тргување преку преносен систем; Загушувања. 7. Модел на пазар на електрична енергија во Република Македонија. Закон за енергетика; Правила за пазар на електрична енергија; Правила за за доделување на преносни прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија. 8. Модел на регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа. Децентрализиран модел на регионален пазар; Координирана аукција на прекугранични капацитети.

Литература:

  1. F. P. Sioshansi, “Competitive Electricity Markets: Design, Implementation, Performance”, Elsevier Ltd., 2008
  2. C. W. Jones, “EU Energy Law – Volume 1, The Internal Energy Market”, Claeys & Casteels, 2004
  3. M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. Li, “Market Operations in Electric Power Systems - Forecasting, Scheduling, and Risk Management”, IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc., 2002