Лични алати
Пријави се

Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС

Предмет: Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС

Код: ФЕИТ09013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Мирко Тодоровски

Содржина на предметната програма: Вовед во концептите на енергетската електроника применета во FACTS уредите. Принцип на работа и моделирање на енергетските конвертори. Поврзување на уредите со енергетска електроника во ЕЕС. Типови на FACTS уреди и нивна примена во ЕЕС. Реактор контролиран со помош на тиристор (TCR). Статички компензатор на реактивна моќност (SVC). Сериски компензатор контролиран со помош на тиристор (TCSC). Конвертори на напон базирани на напонски извори составени од кондензатори (VSC).  Статички компензатор (STATCOM). Сериски компензатор во стационарен режим (SSSC).  Обединет контролер на текови на моќност (UPFC).  Регулација на тековите на активни и реактивни моќности. Регулација на напони. Подобрување на приликите при статичка и динамичка стабилност. Оптимална поставеност, димензионирање и потешкотии во управувањето.  Влијание на FACTS уредите врз квалитетот на електричната енергија.  Примена на софтерски пакети за анализа на ЕЕС со вградени FACTS уреди.

Литература:

  1. X. P. Zhanq, C. Rehtanz, B. Pal, “Flexible AC Transmission Systems - Modelling and Control”, Springer
    ISBN 978-3-540-30606-1, 2006
  2. G. Benysek, “Improvement in the Quality of Delivery of Electrical Energy using Power Electronics Systems”, Springer ISBN 978-1-84628-648-3, 2007
  3. A. Pina Martins, V. Katić, M. Todorovski, N. Demirović, “Advanced power electronics application in power systems”, Fakultet Tehničkih Nauka, Novi Sad ISBN 978-1-84628-648-3, 2010