Лични алати
Пријави се

Доверливост на ЕЕС

Предмет: Доверливост на ЕЕС

Код: ФЕИТ09002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Ристо Ачковски

Содржина на предметната програма: Необновливи системи. Карактеристични функции и показатели. Карактеристични распределби. Обновливи системи. Дијаграми на состојби и показатели. Експоненцијална распределба. Сложени системи, примена на маркови процеси. Стационарни показатели на доверливоста на системите. Карактеристични случаи. Обновливи системи. Мрежи. Елементарни мрежни структури. Сложени мрежи. Минимални пресеци. Минимални патишта. Сложени системи. Стебло на грешката. Пребарување. Метод на статистички испитувања (Monte Carlo). Дистрибутивни мрежи. Доверливост на дистрибутивните мрежи и пресметка на индексите на доверливост. Планирање и развој на дистрибутивните системи. Извори. Модел со две состојби. Група на извори. Вршни електрани. Показатели на доверливост на изворите. Планирање на изворите. Расположлива  моќност. Модел на конзумот. Анализа на доверливоста на изворите во еден ЕЕС. Оперативна резерва. Планирање на градбата на изворите во ЕЕС. Постројки. Метод со селективно пребарување. Методи со минимални пресеци. Поврзани ЕЕС. Интеконекции. Ограничувања  во размената на енергија. Интегрални ЕЕС. Анализа на структурата на ЕЕС. Едновремени испади. Анализа на работата на системот во разни режими со испади, оптимална распределба, максимално производство, пресметка на показателите на доверливост. Техничко-економски анализи. Штети поради прекини во напојувањето. Избор на најповолно решение.

Литература:

  1. Р. Ачковски, “Предавања кои ги покриваат главните аспекти и целите на курсот”, напи­шани од предавачот, ФЕИТ – Скопје, 2007
  2. J. M. Nahman, “Metode analize pouzdanosti elektroenergetskih sistema”, Naučna  knjiga, Beograd, 1992
  3. Венјуан Ли, Проценка на ризикот во ЕЕС (превод од англиски, на иницијатива на МОН на Р. М.), Дата Понс – Скопје, 2009