Лични алати
Пријави се

Векторско управување на машини за наизменична струја

Предмет: Векторско управување на машини за наизменична струја

Код: ФЕИТ02001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Горан Рафајловски

Содржина на предметната програма:

Динамичко моделирање на асинхрон мотор (синхрон мотор) во произволно избран координатен систем. Можности за аквизиција на роторскиот флукс со помош на модели. Поим за просторен вектор на напоните, струите и флуксевите во машината. Дискретен математички модел на напонски инвертор со варијабилна структура. Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Анализа и синтеза на системи за директна и индиректна векторска регулација. Векторска регулација со ориентација на полето. Директно управување на моментот и векторот на статорскиот флукс. Предиктивна Векторска регулација ориентирана на дискретниот модел на инверторот -моделирање и симулација. Векторска регулација на брзината и положбата без употреба на сензори. Примена на регулатори базирани на Фази логика. Примена и предности на овие системи за управување.

Литература:

  1. Rik de Doncker, Duco W.J, Advanced Electrical Drives (Analysis Modelling Control), Springer verlag 2011.
  2. D.W. Novotny, T.A. Lipo, Vector Control and Dynamics of AC Drives (Monographs in Electrical and Electronic Engineering, IEEE Press 1996.
  3. Горан Ристо Рафaјловски, Електрични мотори-динамика и управување, Универзитет „Св.Kирил и Методиј”,  Скопје, 2012.
  4. LMD Murphy, FG Turnbull, Power Electronic Control of AC Motor, Pergamon Press, 1998.
  5. Gerhard Pfaff, Regelung elektrischer Antriebe, R.Oldenbourg Verlag München, 1998.
  6. Vas Peter, Vector Control of AC Machines, Clarendon Press, Oxford, 1990.