Лични алати
Пријави се

Одбрани поглавја на енергетски преобразувачи

Предмет: Одбрани поглавја на енергетски преобразувачи

Код: ФЕИТ02015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Содржина на предметната програма:

Динамичко моделирање на избрани модели на енергетски  преобразувачи. Дискретен математички модел на трифазен потполно управуван исправувач; дискретен модел на напонски инвертор (струен инвертор) со варијабилна структура; моделирање и симулација со помош на Матлаб и Симулинк. Примена во векторски регулираните електромоторни погони со машини за наизменична струја. Примена во регулација на алтернативните извори на енергија (соларна, ветерна). Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Дизајнирање на системи за заштита со интелегентни модули. Примена на ЕП во пренос  на електрична енергија  Моделирање и симулација  на енергетските преобразувачи за подобрување на енергетската ефикасност.

Оптимални методи на управување на ЕП со заштеда на енергија. Зголемување на енергетската ефикасност со подобрени методи на управување. Влијание на квалитетот на електричната енергија врз енергетската ефикасност на ЕП.

Литература:

  1. M.H.Rashid, Power Electronics-Circuits, Devices and Applications, Prentice-Hall Int. Inc., New Jersey, 1993
  2. Ned Mohan, Tore M. Undeland, William P. Robbins,  Power Electronics Converters Application and Design,  John Wiley, 1995
  3. Горан Ристо Рафaјловски,  Електрични мотори -  динамика и управување, Универзитет „Св.Kирил и Методиј” Скопје, 2012.
  4. LMD Murphy, FG Turnbull, Power Electronic Control of AC Motor, Pergamon Press, 1998.
  5. J.G. Kassakian, M.F.Schlecht, G.C. Verghese, Principles of Power Electronics, Addison-Wesley, Publishing, Company, New York. 1993.
  6. Heumann K.,  Grundlagen der Leistungselectronik, Treubner Verlag Stuttgart, 2001