Лични алати
Пријави се

Методи за испитување на електрични машини

Предмет: Методи за испитување на електрични машини

Код: ФЕИТ02013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Крсте Најденкоски

Содржина на предметната програма:

Избор на испитна опрема. Подготвителни активности за тестирање/ инспекција. Стандардни испитувања на електричните машини и трансформатори. Методи за мерење на: отпорност, капацитивност и агол на диелектрични загуби на изолцаиониот систем, капацитивност и агол на диелектрични загуби на проводните изолатори, преносен однос, и струја на магнетизирање со низок напон, растурен индуктивитет на трансформатор, спектар на поларизација со повратен напон, парцијални празнења со методот базиран на ултразвук, бучава и вибрации, контрола на регулационата преклопка, загревање на статорско магнетно јадро. (stator core test), обид на загревање на трансформатор.

Системи за автоматизирано испитување на електрични машини. Аквизиција на мерните податоци. Методи за оптоварување при автоматизирано испитување.

Определување на коефициентот на полезно дејство: директна метода, метод на рекуперација, калориметриска метода.

 

Литература:

  1. A. Gupta, “Testing of Transformers & Induction Machines”, CreateSpace; 1st edition, 2012
  2. S.V. Kulkarni, S.A. Khaparde, “Transformer Engineering: Design and Practice”, CRC Press; 1 edition, 2004
  3. Paul Gill, “Electrical Power Equipment Maintenance and Testing”, CRC; 1 edition, 1997
  4. I.Kerszenbaum, “Inspection of large Synchronous Machines”, IEEE Press, New York, 1996