Лични алати
Пријави се

Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини

Предмет: Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини

Код: ФЕИТ02011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Гога Цветковски

Содржина на предметната програма:

Теоретски основи за компјутерска анализа на електрични машини (електрични мотори/генератори, трансформатори и апарати). Вовед во компјутерските пакети за симулација и анализа на електричните машини, трансформатори и апарати (MATLAB-Simulink, PSPICE, SIMPLORER, CASPOC, ANSOFT и др.); Вовед во нумеричките методи за пресметка и анализа на електричните машини (Метод на конечни елементи) и во програмските пакети за нивна примена (ANSYS, FEMM, MATLAB). Моделирање на електричните машини и нивните параметри за компјутерска симулација и нумеричка пресметка со помош на методот на конечни елементи. Геометриско моделирање на електричните машини. Моделирање на магнетните материјали (BH карактеристики, перманентни магнети, композитни материјали), моделирање и симулација на напојувањето на електричните машини, моделирање и симулација на оптоварувањето на електричните машини, Моделирање на задвижувањето на електричните машини. Нумеричка пресметка и компјутерска анализа на магнетното поле во електричните машини како и пресметка и анализа на нивните карактеристики со помош на софтверскиот пакет FEMM.  Математички и симулациски модели на електричните машини  во MATLAB за компјутерскa симулација и анализа. Изработка на статички и динамички модели на електричните машини и анализа на добиените карактеристики за различни режими на работа.

Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на термичките процеси во електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети.

Литература:

  1. N. Bianchi, „Electrical Machine Analysis Using Finite Elements“, CRC Taylor and Francis Group, 2005.
  2. C. H. Ong, „Basic Simulation of Electric Machinery Using Matlab/Simulink“, Prenticе Hall PTR, 1998.
  3. J. Chiasson, „Modelling and High-Performance Control of Electric Machines“, John Wiley and Sons Inc, 2005.
  4. S. J. Salon, „Finite Element Analysis of Electrical Machines“, Springer, 1995.