Лични алати
Пријави се

Дијагностика и мониторинг на електрични машини

Предмет: Дијагностика и мониторинг на електрични машини

Код: ФЕИТ02004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Крсте Најденкоски

Содржина на предметната програма:

Методи за дијагностика и проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори. Определување на карактеристични електрични, изолациони, вибрациони, акустични и геометриски параметри. Термовизиски испитувања. Критериуми за дијагностика врз основа на карактеристичните параметри.

Системи за следење на работата на електричните машини и трансформатори во релано време. Концепт на мониторинг систем за електрични машини. Дефинирање на архитектура на систем за мониторинг на електрични машини. Опрема  и сензори.

Мониторинг систем за енергетски трансформатори. Определување на параметри за следење во реално време. Структура на мониториг систем за трансформатори. Микропроцесорски систем за следење на состојбата на трансформатори – опрема и поврзување.

Литература:

1.       F.A. Sturm, “Efficient Operations - Intelligent Diagnosis and Maintenance”, VGB PowerTech Service GmbH, Essen, 2003.

2.       M. Hammer, M. Šimková, M. Ministr, “Artificial Intelligence in Diagnostics of Electric Machines“,Springer Berlin Heidelberg, 2009.

3.       K. Harker, “System Commissioning and Maintenance Practice“,The Institution of Electrical Engineers, London, UK, 1998.

4.       N.Srb, “Magnetski monitoring elektricnih rotacijskih strojeva“,Graphis, Zagreb, 2004.