Лични алати
Пријави се

Технологии за добивање енергија од биомаса

Предмет: Технологии за добивање енергија од биомаса

Код: ФЕИТ04001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска и проф. д-р Кирил Коцев

Содржина на предметната програма: Енергија на биомасите – главни извори, класификација, трансформации, трендови на развој. Теориски основи - структура на клетките и метаболизам, фотосинтеза. Термодинамика на процесот - енергија, термохемиско согорување, масен и енергетски биланс. Анаеробни процеси, хемија на процесот, типови на дигестори. Енергија добиена од отпад. Типови на тврд отпад. Природен гас: производство, контрола, складирање и користање. Напредни технологии за конверзија: основи на технологиите за конверзија (согорување, гасификација, пиролиза). Техноекономски аспекти на искористување на биомасата. Производство на етанол од растенија и негово користење во енергетски цели. Биогоривата – горива на иднината кои допринесуваат за почиста животна средина и забрзан економски развој. Биодизел – производство, карактеристики, можности за употреба. Производство и примена на биогас. Технологии за добивање на енергија од животински отпад. Генерирање на моќност и производство на топлина од биомаси од градскиот отпад. Производство на електрична енергија од дрввени отпадоци. Гасификација со помош на биомаси. Комбинирани постројки за производство на топлинска и електрична енергија  од биомаса.

Литература:

  1. Ruth E Weiner; Environmental Engineering, Elsevier Edition, 2003
  2. Fay А., D. Golomb, Energy and the Environment, Oxford University Press, 2002.
  3. Bent Sørensen; Renewable Energy Its physics, engineering, use, environmental impacts, economy and planning aspects, Roskilde University, ELSEVIER Edition, 2003
  4. Miro R. Susta, Peter Luby, INGCHEM, Dr. Sohif Bin Mat; Biomass Energy Utilization & Environment Protection - Commercial Reality and Outlook, Taylor & Francis Group, 2009
  5. Gilbert M. Masters; Renewable and Efficient Electric Power Systems, Stanford University, 2001
  6. Capehart; Energy Management, Faimont Press, 2003.