Лични алати
Пријави се

Соларен електрицитет

Предмет: Соларен електрицитет

Код: ФЕИТ04022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Кирил Коцев

Содржина на предметната програма: Екстратерестичко и приземно сончево зрачење. Моделирање на регуларни дневни и годишни промени. Мерење на сончево зрачење. Сончево зрачење на хоризонтална и на наклонета површина. Физички процеси и математичко моделирање на фотоволтаична конверзија на сончева енергија во електрична. Фотоволтаичен генератор – модул, панел, поле. Елеминирање на ефект „топла точка”. Перформанси на ФВ генератор во реални работни услови - математички модели базирани на каталошки податоци. Софтвер за симулација ФВ генератор со различна конфигурација.

Литература:

  1. France Lasnier&Tony Gang Ang,Photovoltaic Engineering Handbook,Adam Higler, Bristol&New York,2003
  2. Tomas Markvart,Solar electricity,John Wiley&Sons,2005
  3. Sen, Zekai,Solar Energy Fundamentals and Modeling Techniques,Springer-Verlag London Limited,2008