Лични алати
Пријави се

Проектирање и градба на фотоволтаични системи

Предмет: Проектирање и градба на фотоволтаични системи

Код: ФЕИТ04017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Димитар Димитров

Содржина на предметната програма: Регулатива за проектирање и содржина на проектите за фотоволтаични (ФВ) системи. Компоненти на ФВ системи: модели и димензионирање. Конфигурации и еднополни шеми на разни видови ФВ системи. Избор на локација, начини на поставување на ФВ модулите и носечки конструкции. Избор на опрема. Просторна организација на ФВ системите и подготвителни мерки за градба. Чекори при градба на ФВ систем. Препораки за димензионирање и поставување на електричната инсталација, заштитните уреди и заземјувањето. Анализа на перформансите на ФВ системите. Системи за мониторинг и контрола. Технички услови и приклучок со електродистрибутивна мрежа. Пуштање во погон, тестирање и детекција на грешки. Изработка на документација за тековно работење и одржување.

Литература:

  1. DGS/Berlin,Planning and Installing of Photovoltaic Systems,DGS/Berlin,2008
  2. A. Goetzberger, V. U. Hoffmann,Photovoltaic Solar Energy Generation,Springer-Verlag,2005
  3. D. Rekioua, E. Matagne,Optimization of Photovoltaic Power Systems: Modelization, Simulation and Control,Springer-Verlag, 2012
  4. L. Castaner, S. Silvestre,Modeling Photovoltaic Systems Using PSpice,John Wiley & Sons,2002
  5. A.Luque, S. Hegedus,Handbook of Photovoltaic Science and Engineering,John Wiley & Sons,2003
  6. Џ. Ендруз, Н. Џели,Наука за енергетиката принципи, технологии и влијанија,Дата Понс,2009