Лични алати
Пријави се

Мерење на параметрите на ОИ

Предмет: Мерење на параметрите на ОИ

Код: ФЕИТ03004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Владимир Димчев

Содржина на предметната програма: Основи на ветерна енергија, физички принципи на атмосферските движења, локални ветрови. Мерење на параметрите на ветерот. Видови на анемометри, мерење правец на ветер, принципи на работа, точност и калибрација на сензори. Статистички методи за анализа на метеоролошките податоци за ветер. Проценка на енергијата на ветерот, проценка на енергијата на ветерот на комплексни терени, моделирање. Климатологија на сончевото зрачење. Методи за мерење на директна, дифузна и рефлектирана компонента на сончевото зрачење. Методи за мерење на спектарот на сончево зрачење. Статистички карактеристики на сончевото зрачење. Инструментација за мерење на сончево зрачење: пиранометри, пирхелиометри, калибрирани фотоволтаични ќелии. Конструкција, карактеристики и подрачје на примена. Автоматски мерни системи и даталогери за карактеристичните величини на ветер и сончево зрачење. Начини на пренос на мерните податоци. Примери базирани на LabVIEW.

Литература:

  1. T. Burton,Wind energy handbook,John Wiley & Sons,2002
  2. Z. Sen,Solar energy fundamentals and modeling techniques,Springer – Verlag London Ltd.,2008
  3. S. Mathew,Wind energy, fundamentals, resource analysis and economics,Springer – Verlag Berlin Heidelberg,2006
  4. J. Webster,Measurement, instrumentation and sensors,CRC Press, IEEE Press,2001
  5. AWS Scientific Inc.,Wind resource assessment handbook,National Renewable Energy Laboratory, USA,2010