Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ) Механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Предмет: Механизми за поддршка на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност

Код: ФЕИТ09005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма: 1. Потреба од воведување на механизми за поддршка на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетската ефикасност (ЕнЕ): Глобални трендови во енергетиката – енергетски ресурси и нивна експлоатација, животна средина и глобално затоплување, сигурност во снабдувањето, геополитички влијанија vs развој на технологијата за експлоатација на ОИЕ, нови (интелигентни) концепти на електроенергетски системи (ЕЕС). 2. Трет пакет за енергетика на ЕУ и политика на Енергетската заедница: Цели – „20-20-20 до 2020“, Директиви за промоција на ОИЕ, Директиви за промоција на ЕнЕ, Обврски на Република Македонија како страна во Договорот за Енергетска заедница, Стратегии и акциони планови за унапредување на ОИЕ и ЕнЕ во Република Македонија. 3. Механизми за поддршка на ОИЕ: Инвестициони субвенции; Даночни олеснувања; (Фиксни) повластени тарифи; Фиксна премија; Акционерски програми; Програми за учество; Зелени тарифи; Тендерски систем; Систем за тргување на зелени сертификати; Еколошки даноци; Доброволни договори. 4. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ОИЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија. 5. Механизми за поддршка на ЕнЕ: Еколошки даноци; Даночни олеснувања; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку снабдувачите со енергија; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку пазарот на големо; Инвестициони субвенции; Бели тарифи; Повластени кредити; Систем за тргување на Кјото единици; Фискални стимулации од државниот буџет. 6.  Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ЕнЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.

Литература:

  1. A. Piebalgs, „ Europe’s New Energy Policy“,Claeys & Casteels, Belgium, 2009
  2. D. Buschle, H. Lesjak (Eds.), „The Energy Community Legal Framework 2010“,Energy Community Secretariat, 2010
  3. F. P. Sioshansi, „Competitive Electricity Markets: Design, Implementation, Performance“, Elsevier Ltd., 2008
  4. IEA, „ Energy Efficiency Governance“,OECD/IEA, 2010
  5. CEER, „ Status Review of Renewable and Energy Efficiency Support Schemes in Europe“,CEER, Ref: C12-SDE-33-03, 2012
  6. Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали.