Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) НОВИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ) Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија

Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија

Предмет: Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија

Код: ФЕИТ02008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Гога Цветковски

Содржина на предметната програма:

Преглед на основните видови на енергетски преобразувачи (исправувачи, инвертори, преобразувачи на наизменичен напон, чопери и др.). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори применети кај фотонапонски системи (инвертори водени од мрежа и автономни инвертори, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на урапвување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори за ветрогенераторски системи (приказ и анализа на разни топологии на ветрогенераторски системи, приказ и анализа на енергетските преобразувачи применети кај овие системи, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на управување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на енергетски преобразувачи за статичка возбуда на синхрони хидрогенератори. Проектирање и изведба на мрежни филтри за подобрување на квалитетот на електричната енергија добиена од обновливите извори на енергија.

Литература:

  1. R. Teodorescu, M. Liserre, P. Rodrigues, „Grid Converters for Photovoltaic and Wind Power Systems“, John Willey and Sons, 2011.
  2. M. H. Rashid, „Power Electronics-Handbook“, Academic Press, 2001.
  3. JV. K. Sood, „HVDC and FACTS Controllers, Applications of Static Converters in Power Systems“, Kluwer Academic Publishers, 2004.