Лични алати
Пријави се

Енергетика и околина

Предмет: Енергетика и околина

Код: ФЕИТ04005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Антон Чаушевски

Содржина на предметната програма: Производство на електрична енергија од различни технологии и нивно влијание врз животната средина. Атмосферски и геолошки состав. Типови фосилни горива и нивни состав. Ефекти од работата на ТЕЦ на фосилни горива врз околината. Тврд отпад (пепел) и емисија на гасови (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата. Технологии за производство на електрична енергија. Технологии за смалување на емисија на гасови кај ТЕЦ на фосилни горива и нивна економска евалуација за целата постројка. Проценка на економските потреби за екстерни трошоци. Симулација на работата на различни технологии на производство на електрична енергија врз околината. Влијание на работата на нуклеарна централа врз животната средина. Класификација на радиоактивен отпад и начини за нивно решавање.

Ефекти од градба на хидроелектрични централи врз животната средина и евалуација на ефектите од нарушување на био циклусот на локално и глобално ниво. Одржлив развој на енергетиката. Квантификација на ризикот врз околината од работа на електроенергетски објекти.

Литература:

  1. D. Feretić, Ž.Tomsic, N. Čavlina, D. Subaić; Elektrаnе i okolis, Element, Zagreb, 2000
  2. C.C.Lee, Shun Dar Lin; Handbook of Environmental Engineering Calculations, McGraw Hill, 1999
  3. Fay А., D. Golomb, Energy and the Environment, Oxford University Press, 2002.
  4. P. R. Dey, K. B. Schnelle; Atmospheric Dispersion Modeling Compliance Guide, McGraw-Hill, 1990
  5. A Guidebook for Expansion Planning for Electrical Generating Systems, IAEA, Vienna, 1994
  6. John  Andrews, Nick Jelley; Energy Science, Principles, Technologies and Impacts, Oxford university Press, 2007.