Лични алати
Пријави се

Моделирање ма податоци и бази

1.    Наслов на наставниот предмет

Моделирање на податоци и бази

2.    Код

3ФЕИТ07Л018

3.    Студиска програма

КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4, III/6, IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Сања Велева

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Податочни структури и програмирање

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Моделирање со помош на EA и EEA дијаграми. Пишување на прашалници со помош на SQL и релациона алгебра. По завршување студентот ќе може да проектира сопствени бази на податоци, да ги одржува и да пишува SQL прашалници.

11.    Содржина на програмата: ВОВЕД  во податочни структури. Физичка организација на меморија. Концепт на податок. Различни податочни структури. Дефинирање на блокови. PILE, Хеширање, B, B+, B* огранизација на меморија. Организација на диск. Сместување на податоци и пристап до дискови. Оптимизација на пристапувањето. Модели на реален свет. Класен дијаграм.  Вовед во Ентитет-Асоцијација дијаграм. Проширен ЕА дијаграм. Моделирање. Мапирање на ПЕА дијаграм во Релациони бази на податоци. Креирање на табели со SQL синтакса. Разлики помеѓу SQL бази на податоци и релациони бази на податоци.   Поставување на прашања. Релациона алгебра. Релациони пресметки. Напредни оператори и резултати од прашањата во релациона алгебра.  Вовед во SQL прашања. SQL синтакса. Резултат од прашањата. Мулти-множества. Агрегатни функции.  Дефинирање на функционална зависност на податоците. Разрешување на функционална зависност. Нормализација на податоци. Нормални форми. Дефинирање на настани. Тригери (окинувачи)

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

25

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Рамез Елмасри, Шамкант Б. Навати

Основи на системи со бази на податоци

превод влада

2015

2

C.J. Date

An introduction to database systems

Pearson

2015

3

Х. Гарсија Молина, Џ. Д. Улман, Џ. Видом

Системи за бази на податоци

превод влада

2008