Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите КОНКУРС за доделување една стипендија за студент на ФЕИТ

КОНКУРС за доделување една стипендија за студент на ФЕИТ

Рок на аплицирање: до 18.11.2017

Врз основа на воспоставената соработка помеѓу Вардар Доломит и Факултетот за eлектротехника и информациски технологии во Скопје – ФЕИТ, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се распишува

 

КОНКУРС

за доделување една стипендија

за студент на ФЕИТ

 

На конкурсот можат да се пријават:

  • Редовни студенти на Факултетот за eлектротехника и информациски технологии кои се запишани во трета или четврта година на студии во академската учебна 2017/2018
  • Студенти кои студираат на студиската програма:
      • Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика-КСИАР

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и се доделува за вре­ме­траење од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување, или за прекин во за­вис­ност од исполнувањето на обврските од страна на студентот пропишани со Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатот го врши комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во Вардар Доломит и 1 (еден) член од Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Со доделување на оваа стипендија, Вардар Доломит ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни квалитетни кадри од областа на автоматиката и авто­ма­тизацијато и воедно ќе даде потик на идните студенти за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација/пријава на конкурс
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за редовен студент запишан во трета или четврта година на студии
  • Потврда за положени испити, освоени кредити и просечна оценка (просек)

Кандидатот на кој ќе му биде доделена стипендија има обврска:

  • Студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8;
  • Да ја реализира студентската практикса во компанијата Вардар Доломит (во произ­водниот погон во Гостивар) во времетраење од два месеци во летниот период и
  • Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат до архивата на ФЕИТ или по пошта на адреса Факултет за електротехника и информациски технологии Ул.„Руѓер Бошковиќ“ Бр.18 П.Фах 574 Скопје, најдоцна до 18.11.2017 година.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ