Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Лаборатории опремени од Владата на РМ Лабораторија за оптички комуникации

Лабораторија за оптички комуникации

 

Лабораторијата за оптички комуникации е опремена во рамките на проектот „Програмата за опремување на лабораториите на државните високообразовни установи и јавните научни установи“ на Владата на Република Македонија.

Институтот за акедитација на Р.Македонија во септември 2013 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии му издаде сертификат за акредитација на Инспекциското тело за електротехнички уреди, инсталации и опрема (Сертификат ИТ-074).

Составен дел од Инспекциското тело на ФЕИТ е и Лабораторијата за оптички комуникации  (подрачје на инспекција бр.9) со три акредитирани методи, за мерење на слабеење, хроматска дисперзија и дисперзија при поларизационен мод.

 

Лабораторијата за оптички комуникации располага со следната опрема:

  1. Мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB-1 со модул:
    • EXFO - FTB-730 : Оптички рефлектометар (OTDR)
  2. Мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB-500 со следните модули:
    • FTB-5240 S : Оптички спектрален анализатор (Optical Spectral Analyzer)
    • FTB-5800: Анализатор на хроматска дисперзија (Chromatic Dispersion-CD Analyzer)/Мерење на хроматска дисперзија во оптички влакна
    • FTB-5500B: Анализатор на поларизациска дисперзија ( Polarization Mode Dispersion-PMD Analyzer /Мерење на поларизациска дисперзија во оптички влакна
  3. Извор на светлина EXFO FLS-5 834A во C и L оптички опсег
  4. EXFO FVA-600 – Атенуатор (Ослабувач)
  5. Sumitomo Splicer T-39LC

Лабораторијата за оптички комуникации ќе се користи во наставата, како и  во научно истражувачката и апликативна дејност на Институтот за телекомуникации и Факултетот за електротехника и информациски технологии.

 

Поконкретно Лабораторијата се користи за:

  • сертификација на опрема за оптички комуникации,
  • сертификација на лица во областа на оптичките комуникации,
  • изведување на практичната настава на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии,
  • научно истражувачка работа од областа на оптичките комуникации,
  • развојно-истражувачки проекти во соработка со стопанството, пред се мерења во оптичките комуникацики системи.

 

Главни целни области и приоритети на лабораторијата се:

  • анализа на оптичките мрежи и нивните перформанси,
  • мерење на карактеристиките на оптичките компоненти (отички влакна, ласери, диоди, оптички приемници),
  • мерење на слабеења и дисперзија при имплементација на оптички текеломуникациски системи,
  • мерања во постоечки оптички текеломуникациски системи,
  • тестирање на оптичка опрема која се користи кај големите телекомуникацски мрежи.

 

Ценовник за мерење на оптички влакна на Лабораторијата за оптички комуникации во состав на Инспекциското тело при ФЕИТ

Вкупната цена се состои од:

  1. Цена за мерење по влакно и
  2. Цена по мерен ден.

Вкупната цена е збир од ставките 1 и 2.

Цената за мерење по оптичко влакно опфаќа: мерење на слабеење, хроматска и поларизациска дисперзија и изнесува 300 ЕУР по оптичко влакно.

Цената на еден мерен ден за изведување на мерења на локација надвор од просториите на Инспекциското тело изнесува 500 ЕУР. Превозот на извршителите и опремата до мерните места е на трошок на Барателот на услугите. Оваа цена важи за мерни локации на територијата на Република Македонија.

Во цената не е вклучен ДДВ.

Рок за плаќање: 60 дена од доставување на Извештај и фактура за мерењето.

 

Членови на Лабораторијата за оптички комуникации се:

  • проф. д-р Борислав Поповски, Раководител на лабораторијата за оптички комуникации (borop@feit.ukim.edu.mk, +38975 425550)