Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Лаборатории опремени од Владата на РМ Лабораторија за мерење на еколошки параметри

Лабораторија за мерење на еколошки параметри

Лабораторија за мерење на еколошки параметри

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за електрични мерења и материјали

Одговорно лице: проф. д-р Владимир Димчев

e-mail: vladim@feit.ukim.edu.mk, тел. 3099-110

Примена на лабораторјата:

Лабораторијата за мерење на еколошките параметри има двоен карактер, како научно-истражувачка лабораторија во која ќе се развиваат мерни системи за мониторинг на соодветните еколошки параметри кои влијаат на загадување на животната средина и како лабораторија од практично-апликативен карактер.

Основач на Лабораторијата е Институтот за електрични мерења и материјали при Факултетот за електротехика и информациски технологии при УКИМ.

Инструменти во лабораторијата:

Инструмент за анализа на вода - фотометар

Фотометар е уред за анализа и оценка на квалитетот на водата, (сл. 1). Може да се испитува водата за пиење, отпадна вода, водата во базените, итн. Овој инструмент ги определува состојките во вода како: амонијак, бром, хлориди, хлор, цијанид, ХПК, железо, манган, нитрати, нитрити. Кога специфичен реагенс се додава во водата овој примерок добива одреден степен на обоеност којашто е пропорционална на концентрацијата на оној параметар што се мери. Фотометарот ја одредува обоеноста на примерокот со мерење на апсорбираната светлина пропорционална на концентрацијата на примерокот што се испитува.

Моделот на фотометарот е MaxiDirect, а неговиот производител e Lovibond, Германија.

image001.jpg

Слика 1 Инструмент за мерење квалитет на вода

Преносен инструмент за мерење аеросоли, внатрешна респираторна прашина

Cassela Microdust Pro (сл. 2) е пренослив уред за оценка и мониторирање на концентрацијата на партикуларни честички, респираторна прашина, аеросоли со можност за мерење на прашина со големини од 1µg/m3 do 2500mg/m3. Единствен рачен уред за мониторирање и графички приказ на варијациите на концентрацијата на прашина во реално време. Наоѓа широка примена за заштита на човековото здравје и тестирање на респираторна опрема, како и за мониторирање во различни индустриски процеси. Производител е Casella, Велика Британија.

image002.jpg

Слика 2 Инструмент за мерење внатрешна прашина и аеросоли

Рачен гасен анализатор

VRAE Monitor претставува рачен гасен анализатор со можност за детекција на штетни гасови во широк дијапазон на концентрации (сл. 3). Овозможени се мерења на O2, CO, CO2, SO и SO2, но можна е и надоградба со сензори за други гасови. Ваквите карактеристики овозможуваат широка примена на инструментот за следење на концентрациите на штетни гасови во воздухот во индустриски услови или за контрола за работните услови на работници изложени на опасни концентрации штетни гасови.

image003.jpg

Слика 3 Гасен анализатор VRAE

Гасен анализатор за мерење во затворени простории

Гасниот анализатор GrayWolf е инструмент за мерење штетни гасови во помали концентрации како: O2, CO, CO2, NO, (сл. 4). Ваквите карактеристики го прават инструментот прикладен за мониторинг на работните услови во затворени простории. Инструментот GrayWolf користи преносен PDA мини компјутер за обработка, приказ и запис на мерните податоци. Се овозможува запис на мерните податоци во подолг временски период ограничен само од меморијата на преносниот компјутер.

image004.jpg

Слика 4 Гасен анализатор GrayWolf

Термовизиска камера

Термовизиската камера TESTO 875-1 овозможува фотографски приказ во инфрацрвениот спектар на светлината (сл. 5). На овој начин се овозможува добивање термална слика на објектот кој е предмет на снимање. Термовизиските камери наоѓаат широка примена во многу области од електротехниката, машинството, градежништвото и сл., а особено во доменот на енергетската ефикасност.

Методот за термовизиско снимање и контрола е акредитиран во Инспекциското тело на ФЕИТ (Сертификат за акредитација ИТ-074 од 11.09.2013 година).

image005.jpg

Слика 5 Термовизиска камера TESTO 875-1

Анализатор на звук

Анализатор на звук со меморија е од фирмата Cirrius Research (сл. 6). Анализаторот поседува  акустичен калибратор класа 1, има можност за собирање на податоците и комуникација со компјутер, како соодветен софтвер за обработка на податоците. Инструментот се користи за мерење на нивото на звукот и бучавоста.

Методот за мерење бучава на електроопрема е акредитиран во Инспекциското тело на ФЕИТ (Сертификат за акредитација ИТ-074 од 11.09.2013 година).

image006.jpg

Слика 6 Инструмент за мерење ниво на звук