Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за релејна заштита

Лабораторија за релејна заштита

Лабораторијата за релејна заштита е формирана во осумдесеттите години од минатиот век, кога се создадени просторни можности со надградба на анексот, а делува во рамките на Институтот за електрични централи и разводни постројки. Основач и долгогодишен раководител е проф. д-р Мито Златаноски. Моментално со лабораторијата раководи проф. д-р Антон Чаушевски. Прв лаборант бил ел. инж. Димитрије Дилевски, а потоа таа функција ја вршат: дипл. ел. инж. Борис Рошков и дипл. ел. инж. Љупчо Карајановски.

Основна дејност на Лабораторијата е изведување настава, посебно во делот на лабораториските вежби по предметите на Институтот за електрични централи и разводни постројки (ИЕЦРП). Во склоп на Лабораторијата изградена е и училница во која се одржува настава и аудиториски вежби за студентите по сите предмети на ИЕЦРП кои се слушаат на студиската програма Електроенергетика, управување и менаџмент, но се и дел од наставата на другите студиски програми на Факултетот.

Друга значајна дејност на Лабораторијата е апликативната, на која се посветува посебно внимание. Преку соработка со соодветните институции и компании во земјата и странство кои работат на полето на електроенергетиката, се остварува и практична соработка, што е важно за стекнување искуство во дејноста и збогатување на знаењата. Ваквата апликативна дејност, секако, значи и придонес на наставниот кадар за потребите на стопанството на земјата.

Институтот за ЕЦРП, а со тоа и Лабораторијата за РЗ имаат придонес во повеќе дисциплини и предмети на додипломските и на постдипломските студии. На додипломските студии во Лабораторијата се држи настава, аудиториски и лабораториски вежби последните дисциплини: релејна заштита, примена на дигитална заштита, разводни постројки, заземјување и заштитни мерки, производство на електрична енергија, софтверски алатки во ЕЕ, експлоатација на ЕЕ објекти, менаџмент со инженерска економика и проектирање на електроенергетски објекти. На магистерските студии во Лабораторијата се изведува настава по наставните дисциплини од студиската програма Електроенергетика, студиската програма Проектен менаџмент и дел од предметите по студиската програма Обновливи извори на енергија.

rz1
Лево: Дел од современата опрема за дигитална заштита
Десно: Училницата при Лабораторијата за РЗ со
дел од опремата

Лабораторијата за релејна заштита располага со соодветна опрема која се користи во наставната дејност по лабораториските вежби по предметите на Институтот за ЕЦРП. За по требите на наставната дејност во училницата се инсталирани персонални компјутери по врзани во мрежа што се користат за симулации и пресметки во вежбите и наставата по предметите на Институтот. Исто така, опремата се користи и за апликативна дејност и за испитување на релејната заштита и друга електроенергетска опрема во Македонија.

rz2
Модуларна разводна постројка 10(20) /0,4kV
донација од Merlin Gerin-Schneider

Лабораторијата за релејна заштита секогаш е поддршка на сите научно-истражувачки активности кои се изведуваат при Институтот за ЕЦРП. Во Лабораторијата досега се испитани разни типови на релејна заштита од повеќе производители, воспоставена е соработка и се изведени многубројни семинари и презентации од светски производители на електроенергетска опрема како ABB, SIEMENS, AREVA, ISKRA, EMO и др. Лаборатијата со својата опрема, како и членовите на Институтот за ЕЦРП со своето знаење и искуство учествувале во изработка на многубројни студии, идејни и главни проекти, ревизии, испитувања и др. Во Лабораторијата се направени испитувања и експeрименти како практичен дел од повеќе дипломски, магистерски и докторски трудови.

Се располага со мерна опрема и инструменти, опрема од релејната заштита со по веќе типови релеи од најстарата генерација до најсовремена дигитална заштита. Не одам на е добиена дигитална генераторска заштита тип MICOM P343 донирана од производителот AREVA, како и заштита на изводи донирана од производителот ISKRA. Во посебен дел од влезниот хол (пред влезот во Лабораторијата за електротермија) е сместена комплетна современа модуларна разводна постројка 10(20) /0.4 kV, донација од производителот Merlin Gerin-Schneider.
Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ