Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за процесирање на сигнали

Лабораторија за процесирање на сигнали

Лабораторијата за процесирање сигнали е формирана во 2009 година во рамките на Институтот за електроника како дел од проектот Магистерски студии по DSP базирани на комбиниран начин на учење финансиран од програмата Tемпус. Лабораторијата е предвидена за изведување наставни дејности од областа на процесирање сигнали, пред сè за лабораториски вежби, изработка на семинарски, дипломски и магистерски трудови. Освен за наставна дејност, Лабораторијата се користи и во научно-истражувачки и апликативни цели во рамките на разни домашни и меѓународни проекти.

Основните цели на оваа Лабораторија се да се овозможи што подобро совладување на основните концепти во процесирањето на сигнали со помош на компјутерски симулации и соодветен хардвер; да им се овозможи на студентите запознавање со и користење опрема за DSP која е погодна за процесирање на сигнали во реално време; да се потенцира широкиот опсег на DSP апликации со помош на практични вежби во области како: процесирање на слики и видео, процесирање на аудио и говор, машинска визија, дигитална контрола, комуникации и сл. Со други зборови, студентите добиваат убава можност да имплементираат практични алгоритми за процесирање сигнали на современи DSP процесори во реално време. Освен ова, преку формирањето на оваа лабораторија е создаден простор за поддршка на научно-истражувачката и апликативна работа во оваа област.

procesiranje

За остварување на овие цели Лабораторијата располага со специфична опрема, вклучувајќи: 10 x NI ELVIS II инструментациски платформи за анализа и дизајн на електронски кола; 10 x NI SPEEDY-33 платформи за развој на DSP апликации; 10 x TI TMDSDSK5510 платформи за развој на DSP апликации; 10 x Freescale MC56F8037EVM микроконтролери; 2 x TMDSDSK6437 и 2 x TMDSDSK6713 платформи за развој на мултимедиски апликации; Осцилоскоп Tek TDS2022B и функциски генератор TTI TG2000; NI Labview софтвер. Опремата е наменета за дизајн и имплементација на апликации на DSP процесори и микроконтролери.

Лабораторијата е опремена и со современа опрема која овозможува примена на напредни техники за изведување на наставата. На располагање се 10 персонални компјутери и два видеопроектори, телевизиски сет и видеоконференциска камера, видеосервер, документна камера и безжична и гигабитна LAN мрежа.
Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ