Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за основи на електротехника

Лабораторија за основи на електротехника

Лабораторијата за основи на електротехника припаѓа на Институтот за електро-термија, електрично заварување и електричен сообраќај. Основана е при Електротехничкиот факултет во Скопје во 1968 година и во текот на изминатиот период бележи постојан развој и проширување на дејноста. Во неа се негуваат и развиваат трите основни универзитетски дејности: наставна, научно-истражувачка и апликативна.

Првите кадри на оваа лабораторија, во периодот на нејзиното основање, се проф. Екатерина Чундева-Галиќ, основач и прв раководител, проф. д-р Панчо Врангалов, долгогодишен раководител на Лабораторијата, како и вишиот стручен соработник, инж. Стојан Николовски. Денес во работата на оваа лабораторија учествуваат сите членови на ИЕТЕЗЕС, раководител е вон. проф. д-р Марија Кацарска, а виш стручен соработник е дипл. инж. Љупчо Карајанов.

Во наставата ЛОЕ ги развива фундаменталните електротехнички дисциплини основи на електротехника 1 и основи на електротехника 2, како и неколку дисциплини на до дипломските и постдипломските студии поврзани со електромагнетното поле и неговото влијание врз околината. Лабораторијата е опремена со голем број инструменти кои се користат за практична настава и со кои пред студентите се демонстрираат основните закони на електротехниката. Покрај инструментите за мерење на струја, напон и отпорност, Лабораторијата располага со доволен број макети за изведување на лабораториските вежби, како и персонални сметачи за изработка на симулационите вежби.

ЛОЕ е целосно отворена и за воннаставни активности со максимална можност за изведување практични студентски проекти (студентски работилници, студентски истражувачки проекти, изработка на дипломски работи од кои повеќето се со практична реализација итн.). Во Лабораторијата наставата и научно-истражувачката дејност формираат нераскинлива целина - наставниците се занимаваат со научни истражувања, односно истражувачите држат настава.

Во поглед на научните истражувања, ЛОЕ развива истражувачка дејност во повеќе области: анализа на електромагнетни полиња од повеќе извори и во различни средини, влијание на електромагнетното поле врз околината, компјутерски методологии во екологијата и слично. На тој начин во рамките на меѓународниот проект од FP6 програмата SAFE EMF, целосно реализиран од кадар на Институтот за електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај, набавени се 5 различни сета опрема за мерење и анализа на електрични и магнетни полиња во широк спектар на фреквенции: од индустриски до радиофреквенции. Опремата им е на располагање на студентите на магистерските студии. Во рамките на Темпус проектот за развој на наставни програми од Еко-информатиката, добиена е и мерна опрема која ја користат студентите на магистерските студии.

oet

1, 2. Работа на студентите од прва година во Лабораторијата

3. Уредите од опремата обезбедена во рамките на проектот
SAFE EMF

4. Мерење на електромагнетно поле
во околината со Selective Radiation
Meter SRM 3000

5. Инструмент за мерење на параметри во вода
Amphibian Display

6. Сонда за мерење на параметри во вода
Manta2
Multiprobe

Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ