Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за електронски мерења

Лабораторија за електронски мерења

Лабораторијата за електронски мерења е формирана во 1972 година со отворање на насоката електроника, под раководство на проф. д-р Драган Димитров. Во почетокот таа работи во рамките на Лабораторијата за електрични мерења. Првите лабораториски вежби во оваа лабораторија се одржани во 1973 година за првата генерација студенти по насоката електроника, под раководство на тогашниот асистент Методија Камиловски. Во 1974 година е набавен првиот контингент на електронски инструменти, со што е стабилизирана нејзината понатамошна работа.

merenja1
Во внатрешноста на фарадеевиот кафез
и дел од опремата за спектрални мерења

Со реорганизација на работата на Електротехничкиот факултет, во средината на осум десеттите години и со отворање на новите лабораториски простори на Факултетот, Лабораторијата за електронски мерења поминува и продолжува да работи во рамките на Институтот за електроника, кадe и денес припаѓа.

merenja2
Дел од опремата за лабораториски вежби

Во периодот од 1986 до 1991 година набавени се неколку квалитетни мерни инструменти, како што се микропроцесорската развојна станица НР64000, анализатор на спектар, дигитален осцилоскоп и др. Во тој период адаптирана е и една просторија како Фарадеев кафез за мерење на EMI интерференции.

Лабораторијата за електронски мерења од формирањето до денес се користи за изведување на лабораториските вежби по предметот електронски мерења, како и за изработка на дипломски работи. Освен за изведување наставни активности, оваа лабораторија се користи и за реализирање на апликативна дејност и соработка со стопанството, за мерење и тестирање на најразлични уреди од аспект на безбедност при работата и за EMC компатибилност. Исто така, во Лабораторијата за електронски мерења се прават одредени мерења во склоп на научно-истражувачката работа на членовите од Институтот за електроника. Денешен раководител на оваа лабораторија е пом. асистент Владица Сарк.
Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ