Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за електрични мерења и материјали

Лабораторија за електрични мерења и материјали

Лабораторијата за електрични мерења и материјали почнува со својот развиток со основањето на Факултетот во 1959 година. Раководители на Лабораторијата од нејзиното основање до денес биле професорите В. Јовевски, Б. Ханџиски, Ц. Гавровски, М. Чундева-Блајер и Љ. Арсов.

Во Лабораторијата паралелно се одвиваат наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност. Во наставната дејност се изведуваат лабораториски вежби по предметите од наставно-научната област електрични мерења и материјали, дипломски и магистерски работи. Таа обезбедува простор со 24 работни места, масите се опремени со приклучни кутии за напојување, како и соодветна опрема за изведување на лабораториските вежби, како што се мерна инструментација за електромагнетни величини, електромагнетно зрачење, статички електрицитет и неелектрични величини – бучава, вибрации, светлина, притисок, температура, како и компјутерска опрема и компјутеризирани мерни системи. Карактеристика за оваа лабораторија е што низ неа поминува голем број студенти, практично сите студенти на ФЕИТ работат лабораториски вежби по соодветните предмети.

Во Лабораторијата се изведува научно-истражувачка работа во рамките на меѓународни и домашни проекти, за што постои солидна инструментација. Во рамките на апликативната дејност, Лабораторијата врши мерења на параметрите на заземјувачите и заземјувачките системи, испитување на електрични инсталации, испитување на отпорности на изолација, испитување на статички електрицитет, тестирање на нисконапонски уреди и апарати, калибрација на инструменти и други електрични мерења потребни во индустријата.

emm1
Дел од опремата за лабораториски вежби

Првата опрема за изведување лабораториски вежби е набавена во раните шеесети години, опрема која перманенто се обновува и зголемува. Последното големо доoпремување е направено во 2007 година во рамките на Темпус проектот Воведување на двостепени студии во метрологијата кога се набавени поголем број мерни инструменти, извори на напон, дата аквизициски картички, емулатори за програмирање на микроконтролери, разни видови сензори, безжични сензори и друга лабораториска опрема.

Во 1995 година е оформена Метролошката лабораторија за електромагнетни големини. Таа се состои од еталон – калибратор FLUKE 5500A, еталон за еднонасочен напон FLUKE 732A Reference Standard, делител на напон FLUKE, како и професионални мерни мостови и еталони за отпор. Во работата на Лабораторијата е обезбедена следливост на мерењата до национални и меѓународни стандарди и воведен е систем за обезбедување на квалитет на мерните резултати. Оваа лабораторија во 1996 година била акредитирана и овластена од страна на Министерството за економија за преглед на мерила и калибрација на електромагнетни големини.

Лево: Метролошка лабораторија за електромагнетни величини
Десно: Инструментација за развој на мерни уреди

 

Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ