Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за електрични машини, трансформатори и апарати

Лабораторија за електрични машини, трансформатори и апарати

Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати (ЛЕМТА) функционира во склоп на Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати (ИЕМТА) при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Таа е првата формирана лабораторија на самиот почеток од основањето на Факултетот, уште како електро-машински оддел во рамките на Техничкиот факултет во Скопје. Почетната опременост на Лабораторијата била скромна, со само неколку машини за еднонасочна струја, неколку трансформатори, како и неколку асинхрони мотори. Наскоро потоа е доопремена со синхрони машини и две динамо-ваги за мерење на моментот на електричните мотори. Во исто време со опремувањето на Лабораторијата со електрични машини се врши и опремување со мерни инструменти како што се амперметри, волтметри, ватметри, варметри, косинус-фи-метри, рачни тахометри за мерење на брзината на вртење на електричните машини и осцилоскопи. Во седумдесеттите години се набавени две современи мотор-генераторски групи од производителот Mawdsley Ltd. од Велика Британија, од кои едната е универзална машина со повеќе различни изведби на ротори, при што со нивна промена се добиваат разни видови на колекторски синхрони и асинхрони машини. Во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години ЛЕМТА е една од најопремените и најсовремените лаборатории од ваков вид во тогашната Југославија.

Во 2005 година е набавена нова лабораториска мерна опрема во рамките на проектот Темпус-17016-2002 под раководство на проф. д-р Лидија Петковска. За таа цел Лабораторијата е целосно реновирана и во неа се инсталирани 4 нови компјутеризирани мерни пулта за испитување на мали и специјални електрични машини од производителите TQ од Велика Британија и Lab-Vot од Канада. Опремата се состои од мерни места (пултови) со извори на напојување со можност за добивање на регулиран еднонасочен и еднофазен и трифазен напон, еднонасочен мотор/генератор, синхрон мотор/генератор, трифазен асинхрон мотор со кафезен ротор, универзален мотор, еднофазен кондензаторски асинхрон мотор, еднофазен асинхрон мотор со засечени полови, селсини, релуктантен мотор, чекорен мотор, линеарен мотор, еден исправувач, еден инвертор и други електрични машини. Со оваа мерна опрема на сту дентите им се овозможува на најсовремен начин, со помош на дигитален мерен уред преку USB приклучок и соодветен софтвер целосно компјутеризирано да ги изведуваат испитувањата на електричните машини. Во рамките на активностите на Темпус проектот формирано е и компјутерско одделение опремено со 4 современи персонални компјутери кои на студентите им стојат на располагање за изработка на лабораториски вежби, семинарски работи и дипломски работи на додипломските студии како и семинарски работи на магистерските студии.

Во неа се реализираат и развиваат трите основни дејности на Универзитетот и Факултетот како што се едукативната, научно-истражувачката и апликативната.

Во поглед на наставната дејност Лабораторијата ги развива дисциплините поврзани со електричните машини, трансформатори и апарати. Во Лабораторијата се изведуваат лабораториски вежби по речиси сите предмети од областа на електрични машини, трансформатори и апарати, како и од областа на енергетските преобразувачи на до дипломските студии. Во неа, исто така, се изведуваат и сите неопходни истражувања и практични мерења во рамките на магистерските и докторските студии кои се изведуваат на студиските програми при ИЕМТА.

Покрај мерната опрема за наставна дејност, ЛЕМТА е опремена и со современа опрема неопходна за научно-истражувачка и апликативна дејност на членовите на ИЕМТА во областа на електричните машини, трансформатори, апарати и енергетските преобразувачи.

Досегашни раководители на Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати биле: проф. Станимир Јовановски, проф. Дионис Манов, проф. Дамјан Христовски и проф. Лидија Петковска. Во моментов раководител на Лабораторијата е проф. Гога Цветковски.

emta

1. Дел од мерната опрема на одделението за
микромашини при ЛЕМТА

2. Проф. Вангел Фуштиќ (декан) и проф. Лидија
Петковска (раководител на Темпус проектот)
на официјалното пуштање на новата опрема во
употреба на 9 мај 2005 година

3. Дел од членовите на конзорциумот на проектот
на свеченото пуштање во употреба

4. Дел од современата мерна опрема

5. Изведување лабораториски вежби

6. Изведување лабораториски вежби

7. Дел од мерната опрема на одделението за
микромашини при ЛЕМТА

8. Линеарен асинхрон мотор

Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ