Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за физика

Лабораторија за физика

Лабораторијата за физика е дел од Институтот за математика и физика при Факултетот. Таа е една од најстарите лаборатории на Факултетот, основана уште со неговото формирање, а нејзини основачи се професорите Димитар Качурков и Михаил Толев.

Основни дејности на Лабораторијата се изведување лабораториски вежби од областите на физиката и вршење експериментални мерења. Денес во оваа лабораторија се работат основни експериментални вежби од предметите физика 1, физика 2 и електрооптика за студентите на додипломски студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии, според предвидените наставни програми.

Истражувачката дејност на Лабораторијата по физика е поврзана со таложење на тенки филмови и нивна карактеризација. Во Лабораторијата се вршат и електрични, оптички и електро-оптички анализи и диелектрична релаксација на полимери и течни кристали. Истражувањата се насочени кон утврдување на можноста за користење на испи туваните материјали за сончеви ќелии и други обновливи извори. Во рамките на Лабораторијата по физика во фаза на формирање е лабораторија за тенки филмови, со тенденција да прерасне во центар кој ќе ги обедини научните и индустриските капацитети во Македонија за добивање и анализа на тенки филмови за сончеви ќелии, добиени од материјали чија цена на производство е мала. Во тек е набавка на софистицирана истражувачка опрема неопходна за производство и детална карактеризација на материјалите.


fizika
Лево: Лабораториска опрема за мерење на апсорпција на гама зраци
Десно: Лабораториска опрема за спектрална анализа
Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ