Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Институтски лаборатории Лабораторија за автоматика и системско инженерство

Лабораторија за автоматика и системско инженерство

Почетоците на Лабораторијата за автоматика и системско инженерство датираат од 1967 година кога на eлектротехничкиот отсек на Електро-машинскиот факултет во Скопје се формирани неколку нови лаборатории, меѓу кои и Лабораторијата за електроника и автоматика. Посебен напредок во развојот е постигнат со набавувањето на сметачката машина IBM 1130 во 1969 година. Поседувањето на сметачка машина овозможи позабрзан развој на наставната, истражувачката и апликативната деј ност, претставувајќи значајна помош на наставниот кадар. Во 1972 година Лабораторијата за електроника и автоматика е поделена на две лаборатории: Лабораторија за електроника и Лабораторија за автоматика, во чиј состав тогаш е и сметачкиот центар. Од 1982 година, со формирањето на Заводот за автоматика, Лабораторијата за автоматика станува негов составен дел, а од 1994 година па сè до денес, Лабораторијата за АСИ е сос тавен дел на Институтот за АСИ. Заедно со Институтот за АСИ, Лабораторијата за автоматика и системско инженерство (ЛАСИ) е единствената институција во Р Македонија која нуди едукација во полето на автоматиката и системското инженерство. Меѓу другите, во основни дејности на Лабораторијата спаѓаат: наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност.

Во Лабораторијата се изведуваат лабораториски вежби од областа на теоријата на системи, управување, моделирање и компјутерски симулации, вештачка интелигенција, роботика, невронски мрежи, фази-логика, хардверски и софтверски аспекти во компјутерското инженерство, симулација на алгоритми за естимација и оптимизација, примена на микроуправувачите во управувачките контури, управување на производни постројки и процеси, нумерички програмирани машини за индустријата (програмабилни логички управувачи), компјутерско интегрирано производство, дистрибуирано водење и далечинско управување, итн. Знаењата добиени на овој начин се применуваат во изработка на практични проекти во текот на студирањето.

Освен за додипломските студии, ЛАСИ овозможува да се изведуваат најразлични симулации, тестирања и испитувања на технички и нетехнички комплексни динамички системи во рамките на магистерските и докторските студии на Институтот за АСИ. Исто така, оваа лабораторија се користи и за испитувања во рамките на домашните и меѓународните проекти во кои учествува Институтот за АСИ, а и за спроведување курсеви за усовршување, каков што е курсот за програмирање на програмабилни логички управувачи со помош на SIMATIC – STEP 7.

Во однос на хардверската опрема, Лабораторијата располага со: 10 персонални компјутери, 3 лабораториски платформи со програмабилни логички управувачи од фирмата Siemens, 5 програмабилни управувачи од фирмата Unitronix, 2 програмабилни логички управувачи од фирмата Allen Bradley, 10 платформи за програмирање и симулација на работата на PIC микроуправувачи, 1 LOGO од фирмата Siemens, 2 лабораториски табли опремени со различни уреди за контрола на пристап, 3 GSM/GPRS модеми, 1 GSM/GPRS модем наменет за комуникација со програмабилен логички управувач, 1 уред за RFid пристап, 2 модеми за радиокомуникација, 1 компјутерски управувачки уред (урнек од изработената серија на педесет вакви уреди во рамките на проектот Развој на управувачки пакети за проекти во училиштата – проект финансиран од USAID, а реализиран од Институтот за АСИ), управувачки серво систем ES130 и многу студентски проекти кои можат да се користат за илустрација на управувачките контури на различни процеси.

Во однос на софтверските платформи, за најголем дел од лабораториските вежби, изработката на студентските проекти, како и истражувачките активности на постдипломските студии се користат: програмскиот пакет MATLAB, SIMATIC Step 7, Simatic WinCC fl exible, Simatic WinCC, Unitronics Visulogic, Unitronics U90 Ladder, MikroC, MPLAB и др.

Navigation
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

praksa15.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ