Лични алати
Пријави се
Трага: Дома

Факултет за електротехника и информациски технологии

sp2017.gif


КОНКУРС за доделување пет стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува пет стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје за учебната 2018/2019 година.

Повеќе...


ИНОФЕИТ објавува програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2019innofeit2019.png

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за поддршка на 60-годишнината на ФЕИТ преку демонстрација на иновативниот капацитет на студентите.


Успешно заврши Неделата на роботиката

25.03.2019, Скопје – Со финален натпревар во шест различни категории заврши 10-тиот Робомак 2019 година, во рамки на Неделата на роботиката, која ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На натпреварот во Домот на АРМ се квалификуваа 22 од вкупно 29 екипи.

RobomacFinale2019.JPG


ФЕИТ го одбележа денот на константата π

По повод денот на константата „ПИ“ и 60 годишнината од постоењето на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии-Скопје, во просториите на Факултетот, на 14.03.2019 г. од 17 часот, се одржа „Бруцошко интегрирање“. Настанот беше конципиран како натпревар во решавање интеграли. Натпреварувачи беа студентите од прва година, т.е. бруцошите, а студентите од погорните години беа судии и се погрижија за регуларноста на натпреварувањето.


Почна 6-тиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019

На кампусот технички факултети, денес, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел.

 

saemzavrabotuvanjeipraksaKONTAKT2019.jpg


Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС erasmus.png

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+. Времетраење на мобилноста за студенти е минимум 2 до максимум 3 месеци во термин јуни - септември 2019 година.

Повеќе...


INNOFEIT’s collaboration with Inform now backed with NOKIA’s Smart City platform

inofeit.6.2.2019.png

Smart cities and the internet of things is the future, and Nokia is a significant global leader in this space. This week, our executive team met with Mr. Darko Giljevic from Nokia Networks, prof. Dr. Dimitar Tashkovski, Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies (FEIT) Dean and prof. Dr. Vladimir Atanasovski, Vice-Dean for finances and Managing Director of INNOFEIT.


ФЕИТ ќе соработува со кинескиот институт Конфуциј

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ, професор д-р Никола Јанкуловски и првите луѓе на Институтот Конфуциј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, македонскиот директор, проф. д-р Влатко Стоилков и кинескиот директор, проф. д-р Лијао Веи, денес, потпишаа Меморандум за соработка.

IMG_1541.jpg

Повеќе...


Шеста студентска конференција за енергетска ефикасност и оддржлив развој – СКЕЕОР 2018


Во периодот од 4ти до 7 ми декември 2018 година под покровителство на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа шестата по ред студентска конференција „Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој“ – СКЕЕОР 2018. Од година во година конференцијата добива се поголем размер, а заинтересираноста меѓу студентите постојано се зголемува. Главен организатор на студентската конференција е Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР – Скопје,во текот на успешно одржаните денови студентите имаа прилика да ги презентираат своите научни трудови и да разменат и стекнат многу нови знаења преку комуникацијата и дискусиите со професорите и претставници од компаниите.

Повеќе...


ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile Broadband“

ITU_Academy_logo.png

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Next Generation Mobile Broadband” од 20 ноември до 17 декември 2018 година.

Повеќе...


INNOFEIT - IskraTel

Со новата академска година официјално започна и првиот проект на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИННОФЕИТ при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје, во соработка со компанијата ITS ISKRATEL.

Повеќе...


ФЕИТ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

logoINNOFEIT.jpg

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска, ги отвори вратите на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

Повеќе...


ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици

На 22.08.2018г. , на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW. Едната централа е со моќност 10 KW e донација на ОКТА, а другата со моќност од  12 KW, која има и систем за акумулирање на енергија е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV ESTIA, како и со сопствени средства на факултетот.

Повеќе...