Лични алати
Пријави се
Трага: Дома

Факултет за електротехника и информациски технологии



Практиканти од ФЕИТ во Македонски Телеком

copy_of__DSC0128.JPGСедумнаесет студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, од 14.02.2017 година, почнаа со практична работа во Македонски Телеком АД Скопје.

Интензивната програма за пракси помеѓу ФЕИТ и Македонски Телеком е започната во 2006 година и е отворена за сите студенти на ФЕИТ, посебно за студените од студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство.

Повеќе...


Прва награда на IEEESTEC 2016 за студентски проекти

ieeestec2016_1.jpgНа 24 ноември 2016 година на Електронскиот факултет во Ниш се одржа 9 меѓународна конференција на студентски проекти IEEESTEC 2016. На оваа конференција се претстави и тим студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологиии со труд под наслов „Design and Realization of an Electric Go-Kart“. На ова конференција овој труд ја доби прва награда во категоријата Најдобри трудови според оцена од рецензентите. Автори на трудот се Иван Спасески, Бобан Момчиловски, Дејан Пејовски, Бодан Велковски, Тамара Панова, Филип Симјаноски и Стефан Лутовски.

Повеќе...


Четврта студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР

skeeor1.pngВо периодот од 24ти до 26ти ноември 2016 година под покровителство на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа четвртата по ред студентска конференција „Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој“ – СКЕЕОР 2016. Од година во година конференцијата добива се поголем размер, а заинтересираноста меѓу студентите постојано се зголемува

Повеќе...


ITU Centre of Excellence elearning курс: „4G and Next Generation Mobile Internet “

ITU_Academy_logo.pngInternational Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „4G and Next Generation Mobile Internet” од 22 ноември до 19 декември 2016 година.

Повеќе...


Tимот на ФЕИТ прв на меѓународниот натпревар по LabVIEW

labview_logo.jpgСтудентската екипа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје оствари најдобар екипен резултат на балканскиот натпревар по LabVIEW, кој се одржа во Загреб, Хрватска. Македонскиот тим го сочинуваа студентите Мино Тодоров, Стефан Аговски и Андреј Станковски, под менторство на проф. д-р Живко Коколански и дипл. инж. Бодан Велковски.

Повеќе...